Драги наши ученици,
Поради новонастанатата ситуација во државата продолжуваме со наставата онлајн. За да се приклучите на онлајн часовите следете ги следниве инструкции:
Доколку планирате часовите да ги следите од смартфон, влезете во апликацијата Play Store и симнете ја апликацијата ZOOM

Пред да ја симнете апликацијата наместо Open, во синото поле во горниот десен агол ќе пишува Download. Кликнете на копчето и откако ќе ја симнете отворете ја апликацијата.

Кога ќе ја отворите ќе го добиете овој екран. Во полето Мееting ID ќе го внесете кодот кој ќе го добиете пред часот, а во полето под него ќе го напишете вашето име (името на ученикот).

Потоа ќе кликнете на Join Meeting и ќе почекате да се влучи наставникот во договорениот термин.

Доколку планирате часовите да ги следите од компјутер или лаптоп, одете на вебстраната www.zoom.us и кликнете на Join a Meeting.

Внесете го кодот во празното поле и кликнете Join. Некои компјутери бараат да ja имате инсталирано програмaта Zoom. Во тој случај ќе се симне .exe фајл на вашиот комјутер. Кликнете на тој фајл и програмата ќе се инсталира на вашиот компјутер. Останатата процедура е иста.

Сето останато ќе биде објаснето на првиот час. Уживајте во учењето од удобноста на вашиот дом.
СЕ ГЛЕДАМЕ ОНЛАЈН.