Усвојувањето на јазикот е во детската природа; тие се способни несвесно да го усвојуваат и учат јазикот, за разлика од адолесцентите и возрасните. Децата се способни да го имитираат изговорот и самите да ги откријат и сфатат правилата на јазикот. На овој начин функционира и методот Wattsenglish заедно со Wow! наставните материјали.
Англиски со Стив и Меги по методот Wattsenglish е достапен за деца од 3 до 12 годишна возраст.
Сè што треба да направите е да влезете во нашиот свет!
Она што ја издвојува оваа програма од останатите е:
-Користење на вистинско човечко лице за да се поттикне комуникацијата
-Мотивирање на наставниците и децата преку забавни и интерактивни видео клипови / видео песни.
-Забавни, едукативни и незаборавни лекции за деца
-Прва работна тетратка со вистинско лице
-Лесни ресурси за наставниците
-Докажана програма во светски рамки
Во прилог видеа од тоа како се одвиваат часовите и пример за видео материјалите кои децата ги добиваат на ЦД и можат да ги гледаат дома.
А добро е да се знае и дека сите наши ученици добиваат онлајн пристап до бројните песни и видео приказни од официјалната WattsEnglish страна, која е непресушен извор за забава на малите сезнајковци.
Ве очекуваме во нашите простории на еден од нашите демо часови да се уверите во ефикасноста на WattsEnglish методот. Контактирајте не на телефон 078 292 520 и закажете го вашето место на еден од нашите бесплатни демо часови.