Придружете ни се на нашите онлајн работилници кои ги креираме со голема љубов во период кога поголем дел од времето децата се дома. Би сакале барем еден час во денот да им биде креативно исполнет.

Термин 1: од 14:00 до 15:00 часот
Потребни материјали за термин 1 се:
*пластична чаша (за еднократна употреба)
*ножици
*хартија
*лепак
*темперни бои

Термин 2: од 17:20 до 18:20 часот
Потребни материјали за термин 2 се:
*еден лист хартија А4 формат во боја (доколку немате во боја може и бела)
*ножици
*лепак
*фломастери

За пријавување потребно е да го потполните формуларот со кликање на копчето ПРИЈАВИ СЕ подолу за да ви испратиме инструкции за часот.