Место каде учењето јазик претставува задоволство.

Центарот за јазично образование ДЕЛТА ЗИТА МИ е основан во 2013 година. Опремен по современи стандарди овој центар ви нуди иновативно и квалитетно изучување на странски јазици. Предавачите се професионалци со едукативно искуство стекнато во странство и во државава спремни своето знаење да го пренесат на своите ученици на уникатен и ефективен начин.

Ова е училиште каде што на прво место се учениците и нивните потреби, каде што учењето на странски јазици претставува задоволство и забава, каде што предавањето е активно, креативно и современо. За таа цел групите не надминуваат повеќе од 10 ученика.

Бидете дел од пријатната атмосфера на нашето училиште и уверете се дека учењето на странски јазик може да биде навистина забавно.

Нашата мисија е да го замениме застарениот и механички начин на настава со современ, иновативен а воедно и ефективен начин на настава. Да направиме да се чувствувате пријатно додека сте кај нас и да ви го пренесеме знаењето преку креативен и забавен начин на настава, така што да ги напуштате нашите простории полни со ентузијазам и знаење.